Достапни линкови

Закани и за семејство на загинатот пејач Тоше Проески


Отворање на Спомен куќа на Тоше Проески.

Отворање на Спомен куќа на Тоше Проески.

Според опозицијата во еден од телефонските разговори за кој тврдат дека е меѓу министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и Јанакиески се слушале закани и за семејство на загинатот пејач Тоше Проески.

Гласот за кој од СДСМ тврдат дека е на Јанакиески вели дека е во Крушево и дека семејството на Тоше Проевски ќе гласа против владејачката партија и прашува што да прави и предлага или да се избркаат од работа или да не им се дава повеќе по 3.000 евра и да им се затвори музејот. Тој заклучува дека толку многу е направено за Крушево, а семејството, кое како што вели, е големо, плус има одбојкарски клуб, плус фондација, а тие се против владејачката партија. На што женскиот глас за кој СДСМ тврди дека е на министерката за култура, вели „а секој месец им даваме по 3.000 евра, но што машкиот глас прашува: А што сакаат повеќе?



XS
SM
MD
LG