Достапни линкови

СДСМ: Спрега власт - фирми за избори


Во еден од сетовите разговори кои вечерва ги објавуваат од СДСМ може да се види спрегата власт - фирми во име на избори. Во еден од разговорите може да се слушне дека фирмата Бетон, еден од главните изведувачи на Скопје 2014, требало да ги подмири фактурите за авионскиот превоз на гласачи од дијаспората. Додека едни фирми добивале од државата, други кои соработувале на некој начин со опозицијата биле по директна закана, велат од СДСМ.

Во еден од разговорите, како што велат од СДСМ, генералниот секретар на Влада, Кирил Божиновски се заканува дека ќе се справи со фирмата Илинден од Струга, ако продолжи да асфалтира улици во Охрид, во времето кога градоначалник на Охрид беше Александар Петрески. Во разговорите станува збор и за странската фирма Агрокор од каде се пожалиле дека во ист ден имале околу 10-тина инспектори. Гласот за кој од СДСМ тврдат дека е на министерот Миле Јанакиески вели „па ако, пак нека работат со Заев, ние сме држава, контролираме“. Јанакиески, како што велат од СДС, вели дека од фирмата ниту ги викнале на камен темелник, ниту имало некој таму кога во фирмата отишол вицепремиерот Ставрески. Соговорникот му пренесува на министерот дека од фирмата велат дека ќе дадат по новини за тоа што им се прави, по што министерот порачува дека ако од фирмата не соработуваат со власта до 5 јуни, кога се изборите, тоа ќе биде земено в предвид затоа што партијата пак ќе победи. Во сетот на разговори со фирмите, стана збор и за тоа како власта го злоупотребува својот удел во Телеком и го става во служба на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ. Се бара да се среди списокот луѓе од Телеком, односно дека ќе бидат отпуштени луѓе ако не гласаат за партијата.



XS
SM
MD
LG