Достапни линкови

СДСМ: ГРОМ и ДПА се под контрола на Мијалков


Претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски.

Претседателот на ГРОМ Стевчо Јакимовски.

Во дел од разговорите што ги објави СДСМ денеска во Универзалната сала во Скопје, како што вели партијата, се покажува дека наводно опозициските ГРОМ на Стевче Јакимовски и ДПА на Мендух Тачи се под контрола на шефот на тајната полиција Сашо Мијалков.

СДСМ објави разговори меѓу, како што велат, Мијалков и Јакимовски, Мијалков и вицепремиерот за рамковен договор Муса Џафери, Мијалков и Мендух Тачи. Во еден од разговорите се слуша како машки глас, кој според опозицијата е на Мијалков, бара од Тачи претставниците на ДПА во ДИК да гласаат за поништување на изборите во Струмица, по што Тачи, според опозицијата, му се јавува на претставникот на ДПА во ДИК, Бедредин Ибраими, да му го пренесе тоа.

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, претходно денеска го спореди лидерот на опозицијата, Зоран Заев, со наследниците на Милошевиќ. Тој дури потенцираше дека прислушувањата се сценарио против него и ДПА. Тачи ги нарече невистини обвинувањата дека тој и неговата партија се контролирани од ВМРО-ДПМНЕ, додека средбите со Груевски и Мијалков ги оцени како нормални.

XS
SM
MD
LG