Достапни линкови

logo-print

Пендаровски - Режимот е на колена, но не е победен


Кандидатот на СДСМ на последните претседателски избори Стево Пендаровски на денешната трибина во Универзалната сала рече дека „режимот е на колена, но не е победен“ и оти може да биде победен само со сплотеност на сите слободарски граѓани. Врхушката на власт ги држи киднапирани целокупната држава и народ, рече Пендаровски, кој додаде дека Македонија пред неколку години беше лидер во регионот, а сега е на опашката.

„Единствениот начин да му се спротивставиме е општонароден фронт од сите граѓани без оглед на вера и нација“, рече Пендаровски, кој нагласи дека треба да се направи слободарска коалиција и за најмногу еден до два месеци „да му кажеме збогум на режимот“.

Пендаровски рече дека Македонија не може да излезе од оваа ситуација без лузни и оти луѓе без хипотеки може да ја водат државата напред, а не оваа „банда криминалци која нè малтретира девет години“.

XS
SM
MD
LG