Достапни линкови

Бомба 8 на СДСМ: Печатење лични карти и кражба на изборен материјал


Разговори за печатење на лични карти пред изборите меѓу, како што вели опозицијата, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и заменик министерот за образование Спиро Ристовски со други соговорници објави опозицискиот СДСМ на денешната прес-конференција во Универзалната сала во Скопје.

СДСМ вели дека дел од денеска презентираните телефонски разговори меѓу, како што велат, Јанакиески и директорот на тајната полиција Сашо Мијалков, докажуваат како се крадел изборен материјал.

Водител на трибината на СДСМ е актерот Владимир Лазовски.

Тој рече дека во дел од телефонските разговори се слуша како се распоредуваат гласачи по општини, како Амди Бајрам организирал да гласаат починати деца, како со 300 фиктивни фамилии треба да се победи во една општина, како се разговара за поништување на гласањето.

XS
SM
MD
LG