Достапни линкови

Полно пред Универзална сала во очекување на „бомбата“ на Заев


Пред Универзалната сала во Скопје веќе се собираат поддржувачи и симпатизери на СДСМ. Платото пред Универзална е полно со луѓе. Надвор се поставени и два видео бима преку кои, оние кои нема да може да влезат, ќе може да ја следат денешната прес-конференција на партискиот лидер Зоран Заев. На нив сега стои логото Вистината за Македонија, под кое партијата досега ги објавува пруслушуваните телефонски разговори меѓу претставници на власта. На улиците во центарот на Скопје е раздвижено и се забележува засилено полициско присуство. Опозицискиот СДСМ вечерва во 19 часот во Универзалната сала во Скопје ќе ја објави осмата „бомба“, односно како што најавија, сериозни докази за изборни грабежи во Универзалната сала.

XS
SM
MD
LG