Достапни линкови

Верушевски повторно на распит во Обвинителството


Поранешниот разузнавач, Зоран Верушевски кој е првоосомничен во акцијата „Пуч“, денеска бил на распит во Обвинителството за организиран криминал. Верушевски е осомничен за шпионажа и помагање насилство кон највисоките државни органи во акцијата „Пуч“ и ова му е втор распит пред Обвинителството. Министерството за внатрешни работи го товари Верушевски дека е мозокот во аферата „Пуч“, во која како четвртоосомничен е и лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Медиумите објавуваат дека Верушевски околу три часа бил на распит во Обвинителството за организиран криминал и оти по завршувањето на распитот неговите адвокати не сакале да дадат изјава за што бил испрашуван Верушевски, поради како што рекле, почитување на Законот и тајноста на дејствијата на Обвинителството.

XS
SM
MD
LG