Достапни линкови

САД повторно ја обвини Русија за пренесување оружје во Украина


САД соопшти дека Русија и во последниве денови пренесува оружје за сепаратистите и покрај договорот за прекин на огнот. „Можеме да потврдиме нови трансфери на руски тенкови, оклопни возила, тешка артилерија и ракетна опрема преку границата до сепаратистите во источниот дел на Украина“, изјави денеска помошникот Државен секретар за европски прашања Викторија Нуланд на Комитетот надворешни односи во Сенатот. Москва постојано негира дека праќа оружје и трупи за проруските сепаратисти. Нуланд рече дека САД започнале разговори со европските сојузници за наметнување на нови санкции врз Русија, бидејќи не ги спроведува обврските од договорот за прекин на огнот.

XS
SM
MD
LG