Достапни линкови

Ирачката војска зазема делови од Тикрит


Извештаите велат дека ирачките сили заземале делови од градот Тикрит од екстремистите на Исламската држава. Воените команданти велат дека трупите и шиитската милиција денеска го заземале центарот на Ал-Алам и дека се подготвувале за улични борби и заземање на останатите делови. Тие рекоа дека напредокот бил забавен од снајпери и стапици. Ирачката војска започна офанзива минатата недела за да ги отстрани милитантите на ИД од Тикрит, кои го заземаа градот во јуни 2014 година. Советот за безбедност во провинцијата Киркук, соопшти дека курдските сили преземале 100 километри квадратни од борците на ИД, убивајќи стотина од нив.

XS
SM
MD
LG