Достапни линкови

Прислушувањето и во резолуцијата на Европскиот парламент


Европскиот парламент вечер на пленарна сесија во Стразбур ќе расправа за резолуцијата за напредокот на Македонија во 2014 година.

Во Резолуцијата подготвена од известувачот за Македонија, словенечкиот европратеник Иво Вајгл, како што јавува МИА, уште еднаш се бара од Советот на Европската Унија да донесе одлука за почеток на преговорите за членство со Македонија.

Во резолуцијата влегоа и последните случувања со аферата „Пуч“, прислушувањата и најновата политичка криза.

ЕП е загрижен за поларизираната домашна клима и смета дека е под надлежност како на Владата, така и на опозицијата да се грижат за трајна политичка соработка. Владата да ја почитува улогата на Парламентот, да обезбеди доволен обем и време за консултации (пред се' за уставните измени) и да овозможи целосна, независна парламентарна контрола.

- Компромисите се од фундаментално значење за функционирање на демократијата. Постизборниот бојкот е проблем кој треба да се реши во духот на споделена одговорност меѓу Владата и опозицијата, стои во нацрт-резолуцијата, со барање на крај шефицата на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини да посредува во договорот меѓу партиите.

XS
SM
MD
LG