Достапни линкови

Нови прекршувања на договорот за прекин на огнот во Украина


Uglegorsk township, Donetsk region.

Uglegorsk township, Donetsk region.

Украинските власти велат дека проруските сепаратисти го прекршилe договорот за прекин на огнот, со бомбардирање на владини позиции во источна Украина, вклучително во близината на југоисточното пристаниште Мариупол. Портпаролот на армијата Владислав Селезњов, денеска во Киев соопшти дека во изминатиот ден сепаратистите отвориле оган во неколку градови во регионите на Доњецк и Луганск со минофрлачи и тенкови. Самопрогласениот претставник на одбраната на бунтовниците, Едуард Басурин рече дека Украина исто така со напади го прекршила договорот за прекин на огнот. Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека 64 војници се загинати откако на 15 февруари стапи на сила договорот за прекин на огнот од Минск. Во конфликтот од април минатата година загинаа повеќе од 6 илјади луѓе.

XS
SM
MD
LG