Достапни линкови

Почна разместувањето американски војници на Балтикот


Соединетите држави соопштија дека го почнаа разместувањето на околу 3 илјади војници кои ќе учествуваат на тримесечните воени вежби во балтичките земји во рамките на операцијата „Атлантска решеност“. „Околу 750 американски тенкови, хеликоптери и друга воена опрема со брод биле донесени во Рига, Летонија заради маневрите што ќе траат 90 дена“, изјави портпаролот на Пентагон Стивен Ворен. Наведено е дека воената опрема ќе остане и откако американските војници по завршувањето на маневрите се вратат во базите. „Опремата ќе остане колку што е потребно со цел Русија да се откаже од евентуална агресија“, рече генерал Џон О Конор, задолжен за нејзиниот транспорт.

XS
SM
MD
LG