Достапни линкови

Американски санкции против претставници на Венецуела


Николас Мадуро

Николас Мадуро

Американскиот претседател Барак Обама одобри воведување санкции против седуммина сегашни и поранешни воени и цивилни претставници на Венецуела, обвинети за кршење на човековите права и за корупција. „Многу сме загрижени поради акциите на владата на Венецуела кои имаат за цел застрашување на политичките противници“, соопшти Белата куќа. Санкциите кои опфаќаат замрзнување на имотот во странство и забрана на патување се воведени против врвот на службата за државна безбедност која во минатата година ги задуши антивладините демонстрации. На протестите во Каракас против претседателот Николас Мадуро загинаа четириесетина луѓе. Во декретот за санкциите Обама оценува дека состојбата во Венецуела е исклучителна закана за државната безбедност и за надворешната политика на Соединетите држави.

XS
SM
MD
LG