Достапни линкови

Обама и Туск за Украина


Американскиот претседател Барак Обама и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск синоќа во Белата куќа ја разгледуваа ситуацијата во Украина. Во кратката изјава Обама оцени дека трансатлантското единство е силно како секогаш. Тој додаде дека Соединетите држави и Европа имаат ист став за економските санкции по повод кризата во Украина. Туск од своја страна рече дека Русија се обидува да го подели Западот. Соединетите држави и Европската унија ја предупредија Русија дека би можела да се соочи со дополнителни санкции доколку продолжи да ги поддржува сепаратистите во источна Украина.

XS
SM
MD
LG