Достапни линкови

Милитантите на ИД потиснати во Киркук


Киркук

Киркук

Курдските сили соопштија дека ги потиснале милитантите на Исламската држава во ирачкиот град Киркук. Се прецизира дека борците на Пешмерга ја презеле контролата врз околу 100 квадратни километри и оти притоа убиле стотина милитанти. Генерал мајор Омар Салех Хасан за новинската агенција Ројтерс изјави дека неговите сили се соочиле со мал отпор од милитантите. Во меѓувреме ирачките безбедносни сили се доближуваат до сунитскиот град Тикрит, во рамките на големата офанзива што ја почнаа пред осум дена. Новинските агенции повикувајќи се на изјави на сведоци, јавуваат дека милитантите на Исламската држава егзекутирале 30 нивни соборци кои се обиделе да избегаат од ирачката офанзива.

XS
SM
MD
LG