Достапни линкови

logo-print

Времето денеска: претежно облачно


Во Македонија ќе биде претежно облачно. Во западните и крајните северни делови ќе има повремени врнежи од дожд и снег, додека на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат претежно од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири, а дневната од три до осум степени. Во Скопје времето ќе биде облачно со повремен слаб дожд особено попладне и во текот на ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до пет степени.

XS
SM
MD
LG