Достапни линкови

Убиени девет милитанти на ИД во Сирија


Најмалку девет милитанти на Исламската држава наводно биле убиени во борби во северозападна Сирија, откако голем дел од нив се обиделе да побегнат преку турската граница. Британската Опсерваторија за човекови права со седиште во Сирија, соошшти дека судирот се случил 30 километри јужно од турската граница и дека петмина од нив биле меѓу бегалците, а останатите меѓу оние кои се обидувале да ги спречат. Опсерваторијата соопшти дека борбите избувнале откако 10 милитанти избегале од затвор. Тие биле затворени откако се обиделе да избегаат од Сирија.

XS
SM
MD
LG