Достапни линкови

Средношколски Пленум: негативната кампања нема да ја сокрие вистината


Илустрација.

Илустрација.

Претставниците на средношколскиот Пленум денеска предупредија дека против нив се води негативна кампања низ Македонија со принтање на флаери против нивните членови, односно како што велат, против оние кои се борат за поквалитетно образование. Тие ја осудија кампањата велејќи дека тоа е низок начин да се девалвира нивната работа и активностите на нивните поединци. „Негативната кампања нема да ја сокрие вистинската слика за образованието во Македонија, таа само ја потврдува платформата на Пленумот која гласно говори за лошите реформи во образованието. Оваа оркестрирана акција врз членови на Пленумот го покажува дното кое може да го дофатат само оние кои бранејќи го својот интерес посегнале по туѓиот интегритет“, велат од пленумот. Тие порачаа вложеното во кампањата против нив, би било покорисно да се искористи во хуманитарна акција.

XS
SM
MD
LG