Достапни линкови

logo-print

Џафери: Институциите да го проверат авторството на прислушувањето


Vice PM, Musa Xhaferi.

Vice PM, Musa Xhaferi.

Вицепремиерот за спроведување на памковниот договор, Муса Џафери денеска на прес-конференција објави детали за тематскиот конгрес на партијата што ќе се одржи на 28 и 29 март во Скопје. Тој рече дека Охридскиот договор е единствениот пат кој помага за членство на Македонија во НАТО и во ЕУ. Тој посочил дека една од панел-сесиите на конгресот ќе биде добро владеење и консензуална демократија, односно колку помагаат во стабилизирањето и демократизацијата на Охридскиот договор.

„Акцентот се става на праведно и рамноправно распределување на јавните финансии-буџетот. Поделбата на власта врз основа на принципот на соодветна и правична застапеност на сите нивоа на државата, децентрализација соодветна на околностите на Македонија, што значи еднаков територијален развој и втората деценија на спроведувањето на Охридскиот договор“, изјави Џафери.

Инаку како што објавуваат медиумите Џафери одговарал на новинарски прашања во врска со аферата со прислушувањето и изјавил дека институциите треба да го проверат авторството на прислушуваните материјали и дека за него „не е важен разговорот или автентичноста на разговорот, колку што е значајно од каде се тие разговори и кој ги извадил тие, и злоупотребил ако можам така да кажам во овој момент, вели Џафери.

XS
SM
MD
LG