Достапни линкови

Уапсени три лица за вмешаност во убиството на Куватов


Турските медиуми објавија дека три таџикистански лица се уапсени под сомнение за вмешаност во убиството на таџикистанскиот опозиционер Умарали Куватов, кој минатата недела беше убиен во Истанбул. Медиумските извештаи цитираат официјални лица како и роднини кои го подготвуваат закопот на Куватов. Сопругата на Куватотв, Кумринисо Хавизова, за Радио Слободна Европа изјави дека исламската погребна церемонија ќе се спроведе во џамија во областа Фатих во Истанбул. Тајкунот кој некогаш имаше блиски врски со претседателот Емомали Рахмон, но потоа му стана противник, беше баран од Душанбе под обвинение за измама, за кое тој велеше дека е политички мотивирано. Куватов на 5 март беше застрелан во глава од неидентификуван напаѓач.

XS
SM
MD
LG