Достапни линкови

Сопартиец на Немцов скептичен за апсењата поврзани со убиството


Ilya Yashin - Opposition activist and associate of murdered Boris Nemtsov.

Ilya Yashin - Opposition activist and associate of murdered Boris Nemtsov.

Сојуник на убиениот руски опозициски лидер Борис Немцов изрази скептицизам околу тоа што властите велат дека за неговото убиство е можна исламистичка врска. Илја Јашин сопартиец на политичката партија на Немцов денеска на Твитер напиша: „бесмислената теорија на инспекторите за исламистичките мотиви во убиството на Немцов му одговара на Кремљ и претседателот Владимир Путин“.

Московскиот суд вчера обвини двајца мажи со чеченско потекло: Анзор Губашев и Зауд Дадајев, за вмешаност во убиството на Немцов во близина на Кремљ на 27 февруари. Судот соопшти дека Дадајев ја признал вмешаноста.

Лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров вчера рече дека го знае Дадајев како „длабоко религиозен човек“ кој беше шокиран од карикатурите на пророкот Мухамед објавени во францускиот магазин Шарли Ебдо, кој го бранеше Немцов.

XS
SM
MD
LG