Достапни линкови

Путин откри детали од операцијата за заземање на Крим


Рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека високите безбедносни официјални лица на негова одлука го заземале Крим, неколку часа откако поранешниот украински претседател Виктор Јанукович ја напуштил власта.

Во најава за документарен филм кој ќе биде емитуван на државната телевизија, Путин раскажува како итниот состанок во Кремљ завршил во 7 часот наутро на 23 февруари 2014 година. Путин изјавил дека им наредил на војската и безбедносните агенции да му го спасат животот на украинскиот претседател. „

На разделбата им реков на сите мои колеги дека ќе треба да почнеме да работиме да го вратиме Крим во Русија“, вели Путин во најавата за документарниот филм прикажана на 8 март.

Русија го анектираше Крим во март 2014 година откако распореди војници во регионот и откако беше одржан референдум, кој Украина и Западот го осудија за нелегитимен. Кремљ првично негираше дека испратиле војници на Крим, но Путин подоцна на телевизија изјави дека биле испратени руски трупи.

XS
SM
MD
LG