Достапни линкови

Шефот на ОБСЕ во посета на Грузија


OSCE Secretary-General Lamberto Zannier.

OSCE Secretary-General Lamberto Zannier.

Генералниот секретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер е во официјална посета на Грузија. Тој вчера пристигна во Тбилиси на тридневна посета. Заниер ќе се сретне со претседателот Георги Маргвелашвили, премиерот Иракли Гарибашвили и министерот за надворешни работи Тамара Беручашвили, како и со грузиски пратеници и други официјални претставници.

Грузиското Министерство за надворешни работи соопшти дека Заниер планира да патува до административната граница која ја дели владината територија од отцепената Јужна Осетија поддржана од Русија и ќе посети населба на внатрешно раселени лица.

Русија ги призна Јужна Осетија и Абхазија како независни држави по кратката војна со Грузија во 2008 година и има илјадници војници во регионите. Русија ја зајкна контролата врз двете покраини откако со нив потпиша неколку договори во последните неколку месеци.

XS
SM
MD
LG