Достапни линкови

Странските политичари позагрижени од домашните


Илустрација.

Илустрација.

Пораките во врска со продлабочувањето на политичката криза во Македонија кои доаѓаат од меѓународната заедница, и власта и опозицијата ги толкуваат во своја корист.

Додека акцијата „Пуч“ само дополнително ги продлабочи разликите и конфронтациите меѓу партиите на власта и на опозицијата, лесно забележливи се и разликите во толкувањето на пораките што Македонија ги добива деновиве од значајни институции на ЕУ, на ОБСЕ, на амбасадори и дипломати. Ова е впечатокот и на дел од експертите, откако деновиве и Бундестагот и германските пратеници расправаа за состојбата во Македонија.

Имаат еден заеднички именител, имено укажуваат на кризата на македонската демократија и на нужноста политичките фактори да работат на изнаоѓање излез од оваа ситуација.

Околу изјавата на известувачот за Западен Балкан, премиерот рече дека пратеникот не е целосно информиран и оти искажува политички ставови без да ги има предвид сите информации. Професор Денко Малески истакнува дека изјавите што ни доаѓаат од надвор укажуваат на кризата во која се наоѓаме и нужноста да се работи на изнаоѓање на излез од оваа ситуција.

„Имаат еден заеднички именител, имено укажуваат на кризата на македонската демократија и на нужноста политичките фактори да работат на изнаоѓање излез од оваа ситуација, значи нашите странски партнери се единствени во тоа, проблемот е што тие пораки кога ќе дојдат дома, во Македонија, се толкуваат различно, зависно од позицијата која ја има политичката група на која и е упатена критиката“, вели Малески.

Се работи за една политичка фабрикација и злоупотреба на овие пораки која би требало да има внатрешни причини и цели и за самата држава е многу лошо тоа, затоа што медиумите се определени во тој поглед, партиите исто така.

Професор Димитар Мирчев посочува дека за имиџот на државата е лошо што има разлики во интерпретацијата на пораките и оти тоа се должи на недостатокот на политичка култура, дополнувајќи дека лесно забележливи се разлики во известувањето и во медиумите.

„Се работи за една политичка фабрикација и злоупотреба на овие пораки која би требало да има внатрешни причини и цели и за самата држава е многу лошо тоа, затоа што медиумите се определени во тој поглед, партиите исто така“, вели Мирчев.

Професор Малески, пак, предупредува дека ако владата не прифати никаква одговорност во врска со аферата Пуч и тврди дека тоа е странска работа, може да влеземе во ситуација на конфликти внатре во општеството.

Освен заклучоците на Бундестагот, пораки имаше и од Европскиот парламент и од Советот на Европа. Американскиот амбасадор во ОБСЕ, Даниел Бер, забележа дека има сериозни тврдења кои ја доведуваат во прашање независноста на медиумите, на судството, на почитување на основните демократски права, кои владата треба да ги штити.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG