Достапни линкови

Украина ги обвини бунтовниците за кршење на прекинот на огнот


Украинската армија денеска соопшти дека проруските сепаратисти неколку пати во текот на ноќта го прекршиле договорот за прекин на огнот. Седиштето на Антитеротистичката операција, како што Киев ја нарекува операцијата против бунтовниците кои држат делови од провинциите Доњецк и Луганск, соопшти дека сепаратистите извршиле напади врз владини позиции 16 пати, од 20 до 6 часто наутро, главно со минофрлачи и ракетни фрлачи.

Тие рекоа дека повеќе од нападите биле извршени во Доњецк. Сепаратистите во Луганск, пак, во меѓувреме рекоа дека бил разнесен железнички мост кој ја поврзува територијата на сепаратистите со владината територија.

Борбите беа значително олеснети откако беше постигнат договорот за прекин на огнот со посредство на Франција и Германија, зголемувајќи ги надежите за ставање крај на конфликтот во кој загинаа повеќе од шест илјади луѓе. Но, Украина изрази загриженост дека бунтовниците може да го искористат прекиниот на огнот за да се рагрупираат за можни нови напади.

XS
SM
MD
LG