Достапни линкови

logo-print

Најмногу коментари за „бомба и пуч“


Бомбите на Заев, случајот Пуч, интервјуто со директорот на мисијата на УСАИД во Македонија, привлекле најмногу коментари на нашата интернет страница.

Невообичаено е што нема процесирани корупциски случаи, вели покрај другото директорот на мисијата на УСАИД во Македонија, Џејмс Стајн, во неделното интервју за Радио Слободна Европа. „Како Антикорупциска да има резултати кога сите вработени се од партијата на власт?“, коментира во својата порака наш слушател потпишан со МММ. Редовниот Пиле прашува како може УСАИД, како докажана асоцијација за јакнење на демократските вредности да финансира режим кој во старт, како што пишува, ги поставува работите спротивно од Уставот на Република Македонија.

Како Антикорупциска да има резултати кога сите вработени се од партијата на власт?

За седмата „бомба“ на лидерот на СДСМ, Заев, има два различни коментари: слушател потпишан со Ново смета дека за новите моменти со изборните манипулации треба да се запознае ОБСЕ и други меѓународни организации.

„Освен тоа, евидентни се изјави зрели за кривични пријави за кои мора да се одговара“, коментира Ново. Бојана, пак, има сосема различен став. За неа 50 или 500 или 5000 луѓе од Пустец ништо немало да променат. „Се работи за 100 и кусур илјади гласови што за СДСМ е невозможна мисија и затоа, доста со вакви смешки, само непотребно го нервирате народот, а рејтингот ви оди сè подолу“, напишала Бојана.

Се работи за 100 и кусур илјади гласови што за СДСМ е невозможна мисија и затоа, доста со вакви смешки, само непотребно го нервирате народот, а рејтингот ви оди сè подолу.

Во врска со наводите во информацијата дека ниту една партија не посакува дестабилизација на државава, Курто и Мурто изразува сомневање во „бомбата“ на Заев за која вели дека е димна бомба и прашува кој би бил заинтересиран за дестабилизација со која богатството и привилегиите на двете страни ќе бидат доведени во прашање. И слушателот потпишан со Корумпирани до крај смета дека политичарите си се штитат меѓусебно кога станува збор за коруптивни зделки и пишува: „Целиот овој случај е сомнителен до крај“. Пиле, пак, ја прашува авторката на текстот, нашата новинарка Фросина Димеска: „Што имаме сега, стабилизација, во услови на тотално пробиен безбедносен систем при што се прислушувани повеќе од 20 илјади граѓани?“

Ариго му се обраќа на Заев па забележува дека во аудиоснимките се слуша дека се трошат многу пари за аквапаркови и слично, ама никаде, вели, не слушнавме за криминал во приватни џебови. „Очигледно е дека не прислушувал Мијалков, туку Верушевски, одите да ја кодошите Македонија кај амбасадорите. Штета што нема некоја Сириза во Македонија, па и едните и другите да ве очисти од корен. Чиста борба за власт“, смета Ариго.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG