Достапни линкови

Колку се води грижа за социјално ранливите во Охрид?


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Локалната власт се фали дека Охрид е меѓу водечките општини во грижата за социјално ранливите категории граѓани. Опозицијата бара поголеми вложувања.

За локалните власти, Охрид бил меѓу водечките општини во Македонија во делот на водење на социјална политика и грижа за социјално ранливите категории граѓани. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека општината преку различни програми во изминатите две години од сопствениот буџет издвоила повеќе од 6 милиони денари.

Меѓу социјалните проекти кои ги реализиравме во континуитет се подршка на наталитетот со еднократна парична помош на родилките, континуирана подршка на центарот за згрижување на лица со посебни потреби „Зраци“, помош во снабдување со огревно дрво за оваа категорија на граѓани. Општина Охрид на месечна основа по 600 денари субвенционира одредена сума на комунални трошоци на социјално ранливите граѓани од Охрид, кои што тие ги имаат кон јавните претпријатија.

„Меѓу социјалните проекти кои ги реализиравме во континуитет се подршка на наталитетот со еднократна парична помош на родилките, континуирана подршка на центарот за згрижување на лица со посебни потреби „Зраци“, помош во снабдување со огревно дрво за оваа категорија на граѓани. Општина Охрид на месечна основа по 600 денари субвенционира одредена сума на комунални трошоци на социјално ранливите граѓани од Охрид, кои што тие ги имаат кон јавните претпријатија“, рече Бакрачески.

Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Оваа субвенција, рече Бакрачески, ќе ја користеле околу 300 охриѓани и за нив општината на месечна основа ќе издвојувала околу 180.000 денари. Тој рече дека општината доделувала и хуманитарни пакети со храна и средства за хигиена, како и огревно дрво на ранливите категории, стипендирала ученици и студенти.

Вистинските лидери ќе имаа доблест да ги прифатат Амандманите за зголемување на буџетот на програмата за Социјална заштита, не гледајќи дали се поднесени од советник од опозицијата, бидејќи за Охрид и охриѓани се работи.

„Она што за нас е врвен приоритет во делот на подобрување на животниот стандард е борбата за стопанско заживување на Охрид. Влезот на двата автомобилски гиганти „ОДВ - Електрик“ и „Костел“ во Охрид се можност за нов почеток на овие лица и нивно активно вклучување во пазарот на труд“, рече Бакрачески.

Дали е градоначалникот Бакрачески горд на усвоената програма за Социјална заштита за 2015 година? Кои се критериумите за избор на приоритети од социјална заштита во Општина Охрид, прашува Верица Хајба, советник од НСДП во Советот на Општина Охрид.

„Вистинските лидери ќе имаа доблест да ги прифатат Амандманите за зголемување на буџетот на програмата за Социјална заштита, не гледајќи дали се поднесени од советник од опозицијата, бидејќи за Охрид и охриѓани се работи. Што станува со старите осамени лица кои во својот работен век допринесувале за развојот на општината, а денес се оставени на работ на заборавот? Како општина од која масовно се иселуваат младите луѓе барајќи егзистенција, треба да донесеме и Акционен план со точно утврдена програма за Социјална заштита во која ќе бидат опфатени сите ранливи категории“, рече Хајба.

За нас не е спорно правото на малите политички субјекти да дискутираат за политички прашања, но спорен е фактот дека вие се трудите да останете на политичката сцена, плукајќи по социјалната политика која ја води општина Охрид. И покрај наследената катастрофална финансиска состојба која ја оставивте, Општина Охрид за период од неполни две години од својот буџет за социјално ранливите категории луѓе издвои над 6 милиони денари, реагираат од општината.

XS
SM
MD
LG