Достапни линкови

logo-print

Сојузнички воздушен напад врз рафинерија во Сирија


Сојузничките сили предводени од Соединетите држави извршиле воздушен напад врз една рафинерија за нафта во Сирија која е под контрола на милитантите на Исламската држава. Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека во нападот загинале 30 милитанти и вработени во рафинеријата. Претставник на американската војска не ги потврди овие извештаи. Во ноември минатата година Обединетите нации соопштија дека приходите на милитантите од нафтата изнесуваат од околу 850 илјади до милион и шестотини илјади долари дневно.

XS
SM
MD
LG