Достапни линкови

САД ќе ги напуштат преговорите со Иран ако нема добар договор


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека Соединетите држави би можело да ги напуштат нуклеарните преговори со Иран ако не се дојде до прифатлив договор со Техеран. Тој прецизира дека тоа значи оти на западните земји мора да им биде дозволено да верификуваат дали Иран сака да дојде до атомска бомба. „Дури и ако мамат ние ќе имаме доволно време да преземе акција“, изјави Обама, наведувајќи дека се уште постојат јазови меѓу двете страни. Следната рунда преговори почнува на 15 овој месец. Иран ги отфрла западните сомневања дека ја користи својата цивилна нуклеарна програма за да развие нуклеарно оружје.

XS
SM
MD
LG