Достапни линкови

Полета соларниот авион во обид да ја обиколи Земјата


Од Абу Даби, во Обединетите арапски емирати денеска полета авион на сончева енергија во прв обид да ја прелета Земјата. Пилотите Бертран Пикар и Андре Боршберг изразија надеж дека со ова ќе ги охрабрат напорите за замена на старите технологии со оние што користат чисти и обновливи извори на енергија. Тие ќе направат 12 слетувања во историскиот лет што би требало да трае пет месеци, од кои самиот лет би бил цели 25 дена. Распонот на крилата е подолг од оној на Џамбо џет, но тежината на авионот е колку обичен семеен автомобил.

XS
SM
MD
LG