Достапни линкови

ИД уништи трет антички град во Ирак


Ирачките власти сооштија дека ги испитуваат извештаите дека припадниците на Исламска држава ги нападнале археолошките остатоци од античкиот град Корсабад во северен Ирак денеска. Ова е трет сличен напад врз културното наследство на земјата во последниов период. Министерот за туризам Адел Ширшаб рече дека постои загрижување дека бунтовниците ги остраниле артефактите и направиле голема штета на локалитетот кој се наоѓа на 15 километри северно од градот Мосул кој е под контрола на ИД. Според претставници на локалната власт жителите од градот рекле дека бунтовниците украле антиквитети и уништиле дел од остатоците.
Групата веќе ги оштети локалитетите заштитени од УНЕСКО во градовите Нимруд у Харта.

XS
SM
MD
LG