Достапни линкови

logo-print

Ајатолахот Хаменеи се појави во јавноста и покрај гласините дека е болен


Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хаменеи се појави во јавноста и покрај гласините за неговото нарушено здравје. Државната телевизија објави снимки на кои Хаменеи денеска се обраќа пред групата официјални претставници и активисти за животната средина во неговата резиденција во централен Техеран. 75-годишниот лидер изгледа вообичаено на снимките, но не се знае кога тие се снимени.
Странските новински портали деновиве објавија дека Хаменеи бил хоспитализиран во критична состојба. Во септември тој имаше операција на простатата и неколку недели помина во болница.
Тој го има конечниот збор за сите прашања во Иран и е меѓу најважните лидери во земјата од 1989 година.

XS
SM
MD
LG