Достапни линкови

Исламистичка група ја презеде одговорноста за нападот во Мали


Исламистичка група со седиште во Сахара ја презема одговорноста за терористичкиот напад во главниот град на Мали, Бамако во кој загинаа пет лица, меѓу кои француски и белгиски државјанин. Групата позната како Ал-Мурабитион ја презеде одговорноста со аудио снимка поставена на социјална мрежа која ја користат исламистичките екстремисти од регионот. Нападот се случи вчера утрината врз ресторан во Бамако кој најчесто го посетуваат странци. Белгиецот бил убиен пред неговиот дом кога напаѓачите го напуштале местото на настанот.
Тие исто така нападнале и полициско возило при што загинал возачот. Нападот доаѓа една недела откако владата на Мали потпиша првичен мировен договор за завршување на борбите со сепаратистите на северот на земјата. Бунтовниците бараат повеќе време пред да се согласат на каков било договор.

XS
SM
MD
LG