Достапни линкови

Австралиски тинејџери сопрени да се придружат на борците од ИД


Австралиските власти денеска објавија дека спречиле двајца браќа тинејџери од аеродромот во Сиднеј да отпатуваат на Блискиот исток поради сомневања дека таму ќе им се придружат на борците од Исламска држава. Министерот за имиграција Петер Дутон изјави дека двете момчиња на возраст од 16 и 17 години биле од Сиднеј и имале авионски карти до непозната локација на Блискиот исток. Тој додаде дека тие биле запрени по сомнежите кај царинските службеници на шести март. Овој случај доаѓа откако три британски ученички ги напуштија своите домови во Лондон за да се придружат на борците од Исламска држава во Сирија. Семејставата на девојчињата ги критикуваа властите дека не ги предупредиле за ризикот на нивните деца.

XS
SM
MD
LG