Достапни линкови

Јункер со идеја за заедничка армија на ЕУ


Шефот на Европската комисија Жан Клод Јункер денеска побара создавање на европска армија во период на зголемени тензии со Русија.Во интервју за германскиот весник Велт ам Зонтаг тој вели дека силите може да помогнат против новите закани надвор од границите на блокот и да ги одбранат европските вредности.

“Не би создавале европска војкса за да се користи веднаш, но заедничката армија на Европјаните ќе и покаже на Русија дека сме сериозни во одбраната на вредностите на Европската унија” наведува Јункер.

Тој додава и дека заедничките сили на ЕУ може да придонесатза поефикасно трошење на опремата и за понатамошна интеграција на 28 земји-членки на блокот.Предлогот се очекува да наиде на негодувања на опонентите за поголема интеграција на ЕУ како Британија, но се очекува да наиде на поддршка од Германија.Министерката за одбрана Урсула вон дер Лејен минатиот месец рече дека е убедена оти можеби не нејзините деца, туку внуците ќе имале Соединети држави на Европа со своја војска.

XS
SM
MD
LG