Достапни линкови

Шестмина загинати при напад на храм во Кабул


Најмалку шест лица загинале, а петмина се повредени кога вооружени лица нападнале суфистички храм во Кабул во кој имало верници. Во соопштението на министерството за внатрешни работи се наведува дека неколку мажи биле вклучени во нападот на верниците во источниот дел на главниот град на Авганистан.
Напаѓачите избегале од местото на настанот но полицијата соопшти дека неколку осомничени за нападот се приведени подоцна. Суфизмот има малку поддржувачи меѓу муслиманите во Авганистан.

XS
SM
MD
LG