Достапни линкови

Пет лица осомничени за убиството на Немцов донесени во суд


Пет лица осомничени за убиството на рускиот опозиционер Борис Немцов денеска се донесени на суд во Москва. Портпаролката на судот рече дека петмината се донесени на сослушување. Ана Федеева ја даде изјавата за новинари пред судот, ден откако Федералната служба за безбедност сооптши дека две осомничени лица се приведени. Руските државни медиуми подоцна јавија дека уште две други лица се приведени а официјални лица денеска соопштија дека има вкупно пет осомничени. Немцов беше убиен на 27 февруари додека шеташе со неговата девојка во центарот на Москва.

XS
SM
MD
LG