Достапни линкови

logo-print

Нови жртви во Украина и покрај прекинот на огнот


Портпаролот на украинската војска Андриј Лушенко денеска изјави дека едно украинско воено лице е убиено,а тројца се повредени во борбите во последните 24 часа во сепаратистичките територии во источна Украина. И покрај договорот за прекин на огнот Лушенко вели дека проруските бунтовници продолжуваат со отворање на оган кон позициите на владините сили. Вчера прорурски ориентираните бунтовници соопштија дека го завршиле договореното повлекување на тешкото оружје од линијата. Лушенко нагласи дека и владините сили се повлекуваат но дека се спремни да се вратат на своите позиции ако е потребно.

XS
SM
MD
LG