Достапни линкови

logo-print

Четворица загинати во бунт во затвор во Авганистан


Авганистанските власти соопштија дека четири лица загинале, а десет други се повредени денеска откако затвореници во затвор во северен Авганистан нападнале полицајци. Шефот на полицијата Факир Мохамед Јаузјани рече дека до насилството дошло откако службениците во затворот барале ножеви и други предмети. Во затворскиот комлекс кој се наоѓа во Шебирган, главен град на провинцијата Јавзјан, има околу 800 затвореници поделени во машки и женски оддел. Шефот на провинциската полиција додаде дека се работи за талибански борци.

XS
SM
MD
LG