Достапни линкови

Малезија останува посветена на барањето на исчезнатиот авион


Премиерот на Малезија Наџиб Разак денеска изјави дека тие остануваат посветени на барање на остатоците од исчезнатиот авион МХ370, една година од исчезнувањето без трага и дека се надева оти тие ќе бидат пронајден.
Разак зборуваше во име на тимот предводен од Малеизја со истражувачи од различни земји меѓу кои има од САД, Британија и Австралија. Тие објавија привремен извештај од истрагата за причините за исчезнувањето на авионот. Извештајот открива дека батеријата на подводниот светилник за локација била испразнета една година пред авионот да исчезне на осми март. Малезискиот авион боинг 777-200ЕР исчезна при летот од Куала Лумпур до Пекинг со 227 патници и 12 членови на посадата. Неговото исчезнување е една од најголемите мистерии во историјата на авијацијата.

XS
SM
MD
LG