Достапни линкови

logo-print

Боко Харам објави приврзаност со ИД


Исламистичката екстремистичка група Боко Харам во Нигерија наводно ветила формална приврзаност со групата Исламска држава. Во аудио пораката објавена на арабски јазик со англиски превод се смета дека зборува лидерот на Боко Харам Абубакар Шекау. Пораката е поставена на Твитер вчера. Во неа меѓудругото се наведува дека Боко Харам “ќе гo слушаат и почитуваат” раководството на Исламска држава.Пораката доаѓа откако Боко Харам беше обвинет за четирите самоубиствени бомбашки напади што се случија вчера во нигерискиот град Маидугури каде што е формирана екстремистичката група. Во самоубиствените напади загинаа најмалку 54 луѓе, а повеќе од 140 беа повредени.

XS
SM
MD
LG