Достапни линкови

Уште двајца приведени за убиството на Немцов


Државните руски медиуми денеска јавуваат дека руската полиција уапсила уште две други лица за убиството на опозицискиот активист Борис Немцов, во кој беше пукано минатиот месец во центарот на Москва. Алберт Баракојев, секретар на советот за безбедност на руската република Ингушетија, за РИА новости изјави дека двајцата биле приведени за убиството на 55 годишниот Немцов. Тие се уапсени во Ингушетија, но се соседна Чеченија. Еден од нив е помал брат на Анзор Губашев кој беше приведен заедно со Заур Дадајев како што објавија вчера руските безбедносни служби. Како што јави РИА новости Дадајев бил заменик командир на батаљон поврзан со чеченското министерство за внатрешни работи, а Губашев работел во приватната агенција за обезбедување во Москва. Осомничените се очекува да се појават пред суд денеска и да се одреди дали ќе им се продолжи мерката притвор.

XS
SM
MD
LG