Достапни линкови

Груевски: За нас гласаат заради делата


Веродостојноста на разговорите ќе треба да се утврди во судска постапка и тоа нема да го коментирам рече денеска премиерот Никола Груевски во врска соразговорите поврзани со изборите кои ги објави вчера претседателот на СДСМ Зоран Заев. Во врска со материјалите што ги објави опозицијата од кои како што рече Заев се докажува за криминалот и изборните манипупации на власта, Груевски нагласи дека тие избори билеверификувани како коректни, ефикасни избори од страна на сите меѓународни организации кои што ги следеа изборите. Тој нагласи и дека иСДСМ јавно признале дека изборите биле фер и коректни во тој период. Груевски обраќајќи се до гласачите на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека тие најдобро знаеле зошто гласале за нив, односно како што додаде заради делата.

“Јас сакам да му упатам една порака, дека избори не се добиваат со сила, не се добиваат со закани и измами или интриги, како тој се обидува да направи. Така се губат избори. Избори се добиваат со многу работа, ние со многу макотрпна работа ги добиваме изборите, со труд, пот, посветеност, 15 саати дневно работење. Само така се добиваат избори и со држење до дадениот збор, со остварување на тоа што си го ветил на граѓаните, како што го правиме со години” рече Груевски кој додаде и дека народот гласал за нив затоа што тоа што го ветувале го исполнувале, а не како што рече поради закани, притисоци или уцени.

XS
SM
MD
LG