Достапни линкови

Американски сенатор осомничен за корупција


Американските власти се подготвени да документираат корупциско обвинение против влијателниот американски сенатор Роберт Менендез, демократ од Њу Џерси, кој инсистираше на по остар став против иранската нуклеарна програма и руската интервенција во Украина. Американскиот оддел за правда се сомнева дека Менендез, член на комитетот за надворешни работи на Сенатот ја користел неговата канцеларија за промовирање на бизнис интересите на донор на Демократската партија во замена за подароци. Судските власти соопштија дека обвинението се очекува да биде поведено во следниве недели. Портпаролот на Менендез рече дека акциите на сенаторот биле соодветни и законски и дека не може да одговара на анонимни обвинувања бидејќи официјалната истрага е во тек.

XS
SM
MD
LG