Достапни линкови

Ромите со реакција по вчерашниот прес на СДСМ


По вчерашното објавување на снимките од опозицијата на кои се слушаат омаловажувачки зборови за Ромите во изборниот процес, денеска реагираа од Европскиот и ромски патувачки центар со седиште во Стразбург. Ашмет Елезовски, член на извршниот одбор на организацијата, оцени дека тоа било речник што наликувал на оној од Втората светска војна кога се истребувале Ромите. Тој смета и дека ако во една држава имало граѓани кои се купувале со вреќа брашно, тоа било доказ за неуспехот и слабоста на самата држава најавувајќи дека веќе го имформирале и Европскиот парламент. Од организацијаа наведоа и дека како никогаш претходно, состојбата со правата на Ромите во Македонија не доживеала толку голем чекор наназад, како што тоа е случај сега.

“Стана јасно дека државните органи што за сите граѓани треба да обезбедат еднаков пристап до правата и слободите гарантирани со закон и Устав, се всушност управувани од лица што за Ромите сметаат дека се само граѓани од понизок ранг и инструмент за злоупотреби во време на избори”наведоа од организацијата.

XS
SM
MD
LG