Достапни линкови

logo-print

Иванов: Ако ЕУ е уморна од проширувањето, ние сме уморни од чекањето


Европската унија не може да зборува во име на Европа сè додека не се обедини цела Европа, порача претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во своето обраќање на одбележувањето на 25-годишнината од основањето на Европската академија на науки и уметности, што денеска се одржа во Салцбург, Австрија. Иванов повика Европската унија вистински да ја обедини Европа, преку членство и на земјите од регионот, соопшти Кабинетот на претседателот на Република Македонија. Toj истакнал и декана Балканот сме уморни од чекањето.

“Доколку тие се уморни од проширувањето, ние на Балканот сме навистина уморни од чекањето, бидејќи Македонија веќе шест години добива позитивни препораки, но никако не може да добие одлука од Европскиот Совет да почне со преговорите. Сето тоа создава фрустрации во нашето општество и создава состојби со кои сега со соочуваме” посочи Иванов.

За време на престојот во Салцбург, претседателот Иванов се сретна со австрискиот претседател Хајнц Фишер, за кого вели дека се долги години заедно, дека се лични пријатели и разменуваат многу сознанија и искуства.

“Претседателот Фишер пројави интерес за актуелните настани во Македонија и сакаше да дознае лично од мене детали, бидејќи тие имаат информации кои ги добиваат преку Европската унија и информации кои ги добиваат од своите амбасади. Сакаше да дознае детали и мое видување за актуелните настани во Македонија и кои се можните решенија за актуелната состојба” изјави претседателот Иванов.

XS
SM
MD
LG