Достапни линкови

logo-print

ЕУ: Можни се поблиски односи со Белорусија


Европската унија гледа можност за подобрување на врските со Белорусија по години сиромашни релации. Шефот на латвиската дипломатија Едгарс Ринкевичс по состанокот министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ во Рига рече дека гледаат можност за проширување на односите со Белорусија. Ринкевичс рече дека ЕУ се уште има отворени прашања со Белорусија како што е држењето на Минск на политички затвореници, но може да се оди напред кон подобрување на односите. ЕУ има воспоставено долгорочни рестриктивни мерки за Минск поради кршењето на човековите права, изборните измами и затворањето на опозициските активисти и политичари. Во 2012 година тогашниот германски министер Гвидо Вестервеле ја нарече Белорусија последната диктатура во срцето на Европа. Латвија која во моментов претседава со Европската унија се очекува во текот на годинава да организира и состанок на Источното партнерство на кој ќе учествуваат претставниците на Белорусија, Азербејџан, Ерменија, Молдавија, Грузија и Украина. Претставниците на ЕУ се согласиле да го поканат Лукашенко да присуствува за првпат.

XS
SM
MD
LG