Достапни линкови

Влошени односите меѓу Русија и Грузија


Претседателот на грузискиот парламент оцени дека односите на Тбилиси со Русија се нарушени од почетокот на војната во источна Украина меѓу украинските владини сили и сепаратистите поддржани од Русија. Давит Усупашвили за РФЕ вели дека односите Тбилиси-Москва се смениле “од лошо кон полошо” бидејќи тоа што се случува во Украина било продолжување на процесот што почнал во август 2008 година во Грузија. Москва и Тбилиси ги прекинаа дипломатските односи меѓу двете земји по шест дневната војна меѓу нив пред речиси седум години. Од декември 2012 година претставници на двете земји почнаа со билатерални разговори во Прага. Според Усупашвили ниту тие разговори, ниту зголемената трговија не можела да го смени руското агресивно однесување.

XS
SM
MD
LG