Достапни линкови

Косовската влада усвои амадмани за основање на Специјален суд


Косовската влада денеска упати до парламентот два амандмани кои треба да овозможат основање Специјален суд за злосторствата на поранешната ОВК. Косовскиот премиер Иса Мустафа оцени дека на косовската влада не и е лесно да носи такви одлуки и ги повика пратениците да гласаат за амандманите, со цел да се исполни таа меѓународна обврска. Мустафа додаде дека ОВК водела чиста борба и го штитела прагот на својата куќа, а Специјалниот суд ќе се занимава со истраги против поединци, а не против ОВК. Опозицијата во косовскиот парламент се спротистави на формирањето Специјален суд и најави дека нема да гласа за негово основање

XS
SM
MD
LG