Достапни линкови

Судот во Баку го продолжи притворот за Исмаилова


Судот во главниот град на Азербејџан Баку го продолжи притворот за истражувачката новинарка и соработничка на Радио Слободна Европа Хадиџа Исмаилова за два месеца, односно до 24 мај. Одлуката беше објавена вчера.
Од канцеларијата на јавниот обвинител на Азербејџан наведуваат дека продолжувањето на притворот било неопходно поради истрагата поврзана со обвинувањата дека азербејџанскиот сервис на РСЕ работел нелегално од 2008 година. Овие обвинувања против РСЕ се чини дека се поврзани со обвинувњата против Исмаилова од 13 февруари според кои таа е осомничена за даночни затајувања, нелегални бизнис активности и злоупотреба на моќ. Исмаилова која објавуваше за корупцијата на азербејџанските владини претставници пред судот на шести март рече дека обвинението против неа е фабрикувано и политички мотивирано. Уредникот на Радио Слободна Европа Ненад Пејиќ нагласи дека радиото има меморандум од државната агенција со кој се признаваат правата на емитување и даночни документи, односно како што додаде се што е потребно. Тој додаде и дека Хадиџа мора веднаш да биде ослободена.

XS
SM
MD
LG